Лејди Гага падна од сцена во Лас Вегас

Популарната пејачка во вторникот имаше концерт во Лас Вегас. Во еден момент одлучи да усреќи еден фан, но двајцата завршија под сцената откако дечкото се лизна носејќи ја во раце.

Лејди Гага веднаш стана и на микрофонот кажа дека сѐ е во ред. Не се знае како помина фанот кој според падот на снимката го извлече подебелиот крај.