ЛДП: Започнуваме граѓанска Иницијатива за отповикување на градоначалници

Иницијатива за измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници, најавува Либерално-демократската партија под водство на претседателката Моника Зајкова и ново основаната градска организација при ЛДП во Скопје, предводена од Филип Јакимовски.

„Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста на локалните власти“, велат од ЛДП.

Од партијата посочуваат дека оваа Иницијатива е со цел да се одговори на потребите на граѓаните и да се подобри животот во главниот град.

„Со длабоко разочарување и загриженост ја гледам сегашната состојба во нашиот главен град. Паметам поубаво Скопје, град на светлина, култура и зеленило, а не град кој сега е завиен во темнина и се гуши во смет. Се чини дека сегашните локални власти се оддалечиле од основните потреби и желби на своите граѓани. Некогаш, Законот за локална самоуправа од 1996 година оставал законска можност за граѓаните активно да учествуваат во одлуките кои ги засегаат нивните животи, вклучително и механизмот за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година беше избришана и од тогаш па до денес граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалници“, вели претседателката Зајкова.

Таа додаде дека се наоѓаме во ситуација во која градоначалниците буквално можат да ги поминуваат своите мандати без реална одговорност и отчетност за нивното (не)сработеното, а од тоа страдаат општините и граѓаните.

„На европско тло досега се спроведени неколку постапки за отповикување на градоначалници, како примерот со Хана Гронкјевич Валц градоначалничка на Варшава, потоа се одржал локален референдум за отповикување на градоначалникот на Кишинев, а во 2015 година по предлог на тогашниот британски премиер Дејвид Камерон во парламентот се усвоил механизмот за отповикување во Обединетото Кралство. Воедно, Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум бил сменет од функцијата“, појаснува таа.

Претседателот на Градската организација на ЛДП во Скопје, Филип Јакимовски, потенцираше за потребата од итна промена на градончалничката, кој повика Скопје да се врати на скопјани.

„Формирањето на нашата градска организација е од клучно значење за нашата мисија. Се обврзуваме на активно учество во процесот на мапирање на проблемите во Скопје и на наоѓање на решенија. Нашата цел е да создадеме посилна, поспособна и проактивна локална самоуправа која ќе ги негува вредностите во градот“, додаде тој.

ЛДП повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон оваа иницијатива, „заедно да работиме на создавање на отворен и одговорен систем на локално самоуправување во Скопје и во целата земја“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе