Фудбал
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Лажниот голман Вокер одбрани повеќе од Едерсон и Браво заедно

7. ноември 2019 - 11:41 | Ф.З.

Дефанзивецот на Манчестер Сити, кој беше приморан да глуми голман против Аталанта, на крајот забележа повеќе одбрани од вистинските голмани на „Граѓаните“.

Необична ситуација настана на синоќешниот дуел во Милано помеѓу Аталанта и Манчестер Сити. Откако голманот Клаудио Браво доби црвен картон во 81-вата минута, а претходно токму тој го замени повредениот прв голман Едерсон, помеѓу стативите мораше да застане некој од играчите.

Пеп Гуардиола имаше право на уште една замена, но на клупа трет голман немаше. Бидејќи никој од оние што беа на терен очигледно не располага со никакви голмански способности, изборот падна на резервниот дефназивец Кајл Вокер.

Така Вокер влезе во игра со голмански дрес и веднаш се упати кон голот. Успеа и да ја сочува мрежата незатресена бранејќи го единствениот удар кој играчите на Аталанта успеаја да го упатат. Тоа се случи во 88-мата минута кога Руслан Малиновскиј изведе слободен удар, но со мала несигурност Вокер сепак го скроти ударот.

Интересно, домашните играчи не упатија ниту еден удар во рамките на голот додека помеѓу стативите беше Едерсон. Кога на полувреме го замени Браво, Аталанта потоа од единствениот удар постигна гол преку Марко Пашалиќ. Со исклучувањето, Браво остана без ниту една одбрана, но со примен гол. Вокер потоа бранејќи го слободниот натпреварот го заврши буквално со повеќе одбрани од двајцата вистински голмани.

Навивачиуте ан Сити на трибините на „Џузепе Меаца“ почнаа да пејат „England's number one!“ за новиот голман. Нормално, потоа на социјалните мрежи не можеа да не го пропуштат тој факт за да го величаат новиот англиски број 1.

И самиот Вокер се придружи на онлајн забавата: