Музика

Лана дел Реј со нова песна посветена на нападите во САД

12. август 2019 - 12:11 | МИА/КАЈАГАНА
Лос Анџелес, 12 август 2019 (МИА) – Лана дел Реј ја претстави својата нова песна „Looking For America“, којашто всушност е одговор на нападите со огнено оружје кои минатиот викенд се случиле во САД.

– Јас не сум политичарка, не се обидувам да бидам и се извинувам што имам свое мислење, но во светлото на сите напади деновиве и оние изминатиов период што на мене доста влијаеја, ја објавувам оваа песна… Се надевам дека ќе ви се допадне, напиша пејачката на Instagram каде што го објави видеото со новата песна.

 

 

На снимката, додека нејзиниот продуцент Џек Антоноф свири гитара, таа вели дека сѐ уште трага по „својата Америка“… „Онаа во која нема пиштоли и знамињата слободно се вејат… Онаа во којашто наместо бомби, има само огномет, ти и јас”, како што порачува во стиховите.

Минатиот викенд во САД се случија два напада со огнено оружје во коишто загинаа 32 лица.