Lamborghini Huracan Steratto: Сонот би можело да стане реалност

Концептот на Lamborghini наречен Huracan Steratto, кој беше претставен неодамна, е само уште еден во низата на пробни модели на италијанскиот производител, но тоа би можело да се промени набрзо. Магазинот Automobile наведува дека постои можност Steratto да добие „зелено светло“ за сериско производство и дека оваа опција изгледа далеку пореална отколку што многумина очекуваат.

Техничкиот директор на Lamborghini вели дека компанијата не само што би можела да го произведува Huracan Steratto, туку би можела и сериозно да заработи од него. Тој вели дека компонентите на редизајнираната каросерија можат да се произведат со 3D принтер. Овие компоненти се направени од лесен синтетички материјал кој Lamborghini го разви специјално за овој модел.

Ако Steratto влезе во сериско производство, може да се очекува бројка од 500 до 1.000 примероци кои ќе бидат достапни на пазарот.