Крај на iPhone SE: Apple се откажа од поевтиниот модел

Според сигурни извори, Apple го откажал производството на телефони iPhone SE поради неможноста да произведе сопствен модем.

Откако доверливиот аналитичар Минг Чи Куо на крајот на декември објави дека Apple ги напушта или ги одложува плановите за масовно производство на телефони iPhone SE 4, многумина очекуваа дека ќе почекаме малку пред да имаме шанса да го видиме следниот евтин iPhone. Сепак, се чини дека технолошкиот гигант решил да се откаже од овие модели.

Како што сега тврди Куо, Apple им кажал на своите извори од индустријата дека нема да продолжи со производството на четвртата генерација на најевтиниот телефон на компанијата, односно дека претходните планови се откажуваат. Се вели дека ова влијае на идните планови на Apple на два начина:

  • Популарната серија на уреди што првпат дебитираше во 2016 година, а последен пат беше ажурирана минатата година, со моделот iPhone SE (2022), се прекинува.
  • Потенцијалот на Apple да развива и користи сопствени 5G модеми во уредите iPhone 16 е доведен во прашање.

Според аналитичарот, Apple веќе некое време работи на сопствен модем за да го замени Qualcomm решението кое моментално го користи, а новиот iPhone SE требаше да биде првиот уред кој ќе го користи новиот хардвер, односно ќе служат како еден вид тест на оваа технологија.

Сепак, бидејќи плановите сега се откажани, Qualcomm ќе го задржи договорот што го има со Apple барем до моделот iPhone 16, бидејќи алтернативата развиена од технолошкиот гигант очигледно не е подготвена.

„Загрижен дека перформансите на сопствениот модем можеби нема да бидат толку добри како оние на Qualcomm, Apple првично планираше да го лансира во 2024 година и да дозволи поевтиниот iPhone SE 4 да го прифати“, објаснува Куо. После тоа, тој би одлучил дали ќе дозволи iPhone 16 да го усвои во зависност од развојниот статус. Сепак, по откажувањето на телефонот iPhone SE 4, шансите Qualcomm да биде ексклузивен добавувач на модеми за серијата уреди на iPhone 16 значително се зголемија“.

Да потсетиме дека првично беше планирано iPhone SE 4 конечно да добие помодерен редизајн, со што ќе изгледа идентично како iPhone XR од 2018 година. Исто така, бидејќи гласините тврдеа дека ќе биде лансиран во првата половина на следната година, се очекуваше да биде придвижуван од чипсетот A16 Bionic што првпат го видовме на актуелните модели на iPhone 14 Pro.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе