Кон македонскиот филм „Копање“: Колку длабоко сте подготвени да копате?

Снимањето филмови е скапа играчка, вели Ивица Димитријевиќ, еден од режисерите на новиот македонски долгометражен филм „Копање“, но како гледач ќе му одговорам - филмот како уметничка форма е најутробната илузија во која свесно и ревносно влегуваме и не прашуваме за цената.

Филмот работен по истоимената драмска претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер, излезе низ платното, преку археолошки слоеви душевно копање, и ги разоткри фосилите на нашето колективно и интимно сеќавање.

„Копање“ се снимаше по принцип „направи сам“ и без непотребно тапкање по рамо на режисерско-продуцентскиот двоец Димитријевиќ и Мартин Иванов за ваквиот подвиг, со задоволство може да се констатира дека на минималистичката естетика на филмот ѝ годи аскетизмот во технички поглед. Чистите кадри и избројаните локации ѝ оставаат простор на приказната да се развива необременето од стилизирање.

Ваквото лишување од декоративност, како и дозата на театарско, но во никој случај не театрално, портретирање на ликовите, на моменти потсетуваше на шармантниот аскетизам во „The Sunset Limited“ (2011), благодарение на генијалните изведби на Димитријевиќ со целата момчешка збунетост на неговиот лик распнат како мост меѓу два брега, Гораст Цветковски чии молчења се подеднакво моќни колку и неговите реплики, и Александар Ѓорѓиески, чиј пркос ја внесува доволната доза на динамичност и на моменти потребна комична оддишка. Музиката на Горан Трајковски маестрално ги исполнува недоречените тишини меѓу дијалозите.

Филмот отвора три нивоа на гледање:

Во првото, наивно го чекате наративното образложение на ликовите за нивното судбинско губење и наоѓање, заедно со нив ја одите тенката линија на гневот, се надевате на каењето и го игнорирате еротскиот набој.

Во второто во себе ги одговарате отворените суштински прашања за пријателството, загубата, верноста, блискоста, отуѓувањето, простувањето, осудувањето, создавањето и преживувањето; копате подлабоко, барајќи го своето место во светот, оној во себе и вон себе, и се надевате дека нема да наидете на вода, тука среде полната киносала...

За на крај да го отворите третото ниво - на љубовта - и да ги преиспитате сите, дури и оние навидум безначајните, врски со луѓето кои поминале низ вашиот живот и да се прашате дали вашата улога во нивната приказна било она замавнување на крилјата на пеперутката што предизвикува нечие цунами.

„Копање“ е филм што несомнено ќе ве издлаби за време на 67-те минути, археолошки ќе ве подели на слоеви и ќе ве остави да ги анализирате најдените фосили уште долго време. Филмот од утре, 8 март, 2018, игра на редовниот репертоар на Cineplexx и топло препорачувам да го погледнете, подготвени да ископате малку подлабоко во себе.

 

 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Рецензии

КАЈГАНА рецензија: Зошто (не) треба да го гледате Leave the World Behind на Netflix?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?

Read more

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе