Колку време му треба на телото да свари одредена храна и зошто е важно да го знаете тоа

А.С.
/ 29.07.2022 / 09:55

Влијанието на варењето врз слабеењето е значајно. Точното време на варење зависи од физичкото здравје, метаболизмот, возраста, па дури и од полот на поединецот, но, генерално кажано, некои намирници брзо ќе поминат низ нас, додека други ќе талкаат низ системот некое време.

Храна која брзо се вари

Ако јадете храна која брзо се вари, може да откриете дека јадете многу повеќе отколку што треба бидејќи брзо се чувствувате гладни после оброк. Овој тип на храна ви дава брзо засилување на енергијата или скок на нивото на гликоза. Додека зголемувањето на енергијата звучи добро, ако телото е преплавено со гликоза и не ја користи, таа се претвора во маснотии.

Храна која бавно се вари

Храната што бавно се вари многу побавно го зголемува нивото на шеќер во крвта, обезбедувајќи постабилна и избалансирана енергија. Но, ако јадете само храна која бавно се вари, го притискате вашиот дигестивен систем да работи со максимален капацитет цело време, а тоа може да биде прилично напорно за телото.

Експертите препорачуваат да не се меша брза и бавно сварлива храна во еден оброк, а брзо сварлива храна не треба да се јаде веднаш по бавно сварлива храна, бидејќи варењето сè уште не е завршено и тоа само дополнително ќе го оптоварува желудникот.

Водата веднаш се вари, додека за соковите од овошје и зеленчук ќе бидат потребни 15 до 20 минути. На сиров зеленчук му требаат 30 до 40 минути за да се вари, а на варениот зеленчук 40 минути. На рибата ѝ се потребни 45 до 60 минути за варење, на салатата со масло еден час, а на скробниот зеленчук, како што се компирите, час и половина до два. За варење на житариците и млечните производи потребни се два часа, а на јаткастите плодови три часа.

Што се однесува до месото, најбрзо се вари пилешкото, за еден и пол до два часа, говедското три часа, јагнешкото четири часа, а свинското дури пет часа.

Оброците што ги јадете за појадок и вечера треба да бидат поедноставни и по можност со храна која брзо се вари за да ви даде енергија веднаш по појадокот и да го оставите вашиот стомак да мирува навечер.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе