Колку шеќер содржи храната што ја јадеме секој ден?

Кога ќе се спомнат шеќери, веднаш помислуваме на кондиторски производи, колачи и чоколади, па потоа на овошје.

Но, не помислуваме на други видови храна што ги внесуваме секојдневно, а содржат многу шеќер.

Во овој прилог на BBC доброволци играат „бинго“ погодувајќи колку шеќер се ослободува во крвта по јадењето на овие видови храна.

На пример, еден голем печен компир содржи еквивалент на 19 коцки шеќер, а голем сад јагоди содржи само четири.