Колку килограми може да се изгубат само со намалување на калориите и пешачење?

Ф.З.
/ 18.12.2023 / 10:57

Може да изгубите значителен број килограми со пешачење и намалување на внесот на калории, но за да имате трајни резултати, препорачливо е да не губите премногу калории.

Имено, за долгорочно слабеење треба да губите 1 килограм неделно, што значи дека идеално би требало да исфрлите од исхраната од 250 до 500 калории дневно и да согорувате од 250 до 500 калории дневно преку вежбање.

Половина килограм е приближно 3.500 калории. За да изгубите половина килограм неделно, ќе треба да го намалите внесот на калории преку диета и физичка активност за 3.500 до 7.000 калории.

За да одредите колку калории треба да внесувате дневно за да постигнете калориски дефицит, треба да одземете 500 калории од дневниот внес.

Според истражувањето на „Харвард“, човек од 70 килограми во просек согорува околу 300 калории за еден час пешачење, доколку му требаат околу 17 минути за да изоди 1,5 километар. Со таа тежина и темпо, за да изгубите половина килограм неделно, треба да пешачите 90 минути или повеќе дневно.

Најдобар начин да ги избегнете вишокот килограми е да ги исфрлите слатките пијалаци од исхраната бидејќи содржат голем број калории. Исто така, треба да ги намалите порциите од оброците и да ја замените преработената и мрсна храна со поздрава храна.

Покрај тоа, многу е важно да запишете што и колку јадете, вклучувајќи го и бројот на калории. Потоа, со помош на паметни уреди, забележете ги калориите што сте ги изгубиле при пешачење.

Конечно, одземете го бројот на калории што сте ги изгубиле пешачејќи од вкупните калории што сте ги добиле преку храната за да видите дали сте ја постигнале целта на калории за тој ден. Слабеењето по 1 килограм секоја недела ќе ви помогне да изгубите и до 4 килограми месечно, а најдоброто нешто за овој начин на слабеење е тоа што е долгорочно.

За пешачењето да има поголем ефект најдобро е доколку го правите искачувајќи се, на пример на планина. Така се трошат далеку повеќе калории.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе