Која храна треба да се јаде пред трчање?

Ф.З.
/ 19.07.2021 / 13:01

Важно е соодветно да го подготвите вашето тело за секаков вид физичка активност, особено ако планирате да трчате повеќе од еден час. Одлучете се за храна што ќе ви ја обезбеди потребната енергија.

Земањето оброк зависи од тоа колку долго планирате да трчате. Ако сакате да трчате еден час или помалку, оброкот ќе зависи од вашите индивидуални потреби. Можеби нема да ви треба ништо дополнително, особено ако се храните здраво во текот на денот. Ако трчате повеќе од еден час, се препорачува да јадете оброк или ужинка. Ако трчате повеќе од час и половина, треба да направите пауза за да јадете за време на тренингот. Нивото на шеќер во вашето тело се намалува колку подолго трчате. Земете од 30 до 60 грама јаглехидрати во интервали од 15 до 20 минути.

Оброк

Комбинацијата на едноставни и сложени јаглехидрати со протеини е идеална формула за зачувување на енергијата.

Обидете се со следниве оброци:

  • сендвич направен од леб од цели зрна, мисиркино месо, зелена салата и сенф
  • омлет од белки и тост
  • овесна каша, јогурт и банана
  • пилешко на скара и печени компири
Ужина

Таа исто така мора да содржи умерено количество јаглехидрати и протеини, но и некои здрави масти и растителни влакна кои побавно се варат. Треба да консумирате храна што нема да остане во стомакот долго (т.е. здрави масти и растителни влакна) и нема да предизвика нагло покачување, а потоа и пад на енергијата (на пр. слатки или пијалоци со многу шеќер).

Овие примери на ужина ќе ви помогнат:

  • пола банана или тост од цели зрна со една или две лажици путер од јаткасти плодови (кикирики, бадеми, лешници и слично)
  • едно или две парчиња мали протеински палачинки со гореспомнатиот путер
  • чаша јогурт со малку маснотии и лажица џем или ¼ чаша граноли
  • ½ чаша суво овошје со посно сирење

Која варијанта и да ја изберете, никогаш не јадете премногу пред да трчате бидејќи може да се појави непријатност во стомакот или грчеви.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе