Кој ќе биде нов кум на Коза ностра?

Минатонеделното апсење на шефот на Коза ностра, Матео Месина Денаро, донесе олеснување низ Италија, но исто така покрена прашања за иднината на мафијашката организација.

Месина Денаро беше приведен на 16 јануари во болница кадешто се лекувал од рак. Тој беше во бегство од 1993 година, а беше осуден во отсуство за убиства извршени на почетокот на 90-тите.

Иако Месина Денаро беше најбараниот италијански бегалец и врвен мафијашки шеф, некои експерти велат дека тој не ги контролирал сите мафијашки кланови, пред сè затоа што не бил од Палермо, главниот град на Сицилија. Сепак, тој беше наречен „последниот кум“ затоа што беше последниот побегнат член на генерацијата мафијаши кои организираа серија бомбашки напади и убиства во раните 90-ти.

Салваторе Тото Риина, човекот кој некогаш беше „капо ди тути капи“, беше уапсен во 1993 година и почина во затвор во 2017 година. Некои експерти кои ја проучуваат мафијата тврдат дека Коза ностра нема врховен лидер со години, уште од смртта на Тото Риина, бидејќи различните кланови не успеале да се договорат и да изберат еден шеф.

85-годишен сопственик на продавница за накит е фаворит

Историчарот Џон Дики, автор на книгата „Коза ностра: Дефинитивната историја на сицилијанската мафија“, изјави за Sky News дека мафијата е разбиена, што укажува дека можеби има проблем да најде некој што ќе ја води групата кланови околу Палермо. Тој тврди дека „хиерархијата на толпата, нејзината водечка структура, целата нејзина територијална структура... е многу нарушена“ од раните 90-ти.

„Не можеме да знаеме детално што ќе се случи сега. Сепак, едно е сигурно: Коза ностра се состои од правила. На овие правила се заснова веќе 150 години, па сигурно ќе ги спроведат тие правила за да ја поправат штетата и да создадат нова раководна структура по апсењето“, рече главната обвинителка на Палермо, Лиа Сава, говорејќи за иднината на мафијата набргу по апсењето на Месина Денаро.

Ако клановите навистина се здружат за да изберат нов шеф, се појавуваат неколку имиња во трката да ја преземат контролата над мафијашката организација. Како фаворит се појавува 85-годишниот Сетимо Минео. Минео е сопственик на продавница за накит во Палермо, но се смета и за еден од најстарите мафијашки босови.

Меѓу кандидатите е и убиец на полицаец

Минео, како и многу членови на мафијата, моментално отслужува долга затворска казна, но во светот на италијанската мафија не е невообичаено шефот да ја води организацијата од затвор.

Corriere della Sera, водечки италијански весник, смета дека меѓу кандидатите е и 64-годишниот Џовани Мотиси, познат по прекарот Дебелко.

Мотиси е во бегство од 1998 година, откако беше прогласен за виновен за убиство на полицаец, и се смета за убиец во кој Риина имал најмногу доверба.

Тој е еден од најбараните мажи во Италија, а некои дури и шпекулираат дека можеби е мртов.

Медиумите пишуваат дека во трка е и 48-годишниот Џузепе Аутери, благајник на мафијата.

Крај на митот

Лидерски амбиции наводно има и 41-годишниот Сандро Капици, кој заедно со неговиот татко Бенедето се обиделе насилно да ја преземат власта во Коза Ностра во 2008 година, пред да бидат уапсени од полицијата. Сепак, Сандро моментално е на слобода и наводно цели кон лидерска позиција.

Иако мафијата ја задржува контролата врз Сицилија и некои делови од економијата, таа е заменета на профитабилниот нарко пазар од Ндрангета, организација со седиште во регионот Калабрија во јужна Италија.

„Месина Денаро беше последниот кум, тој ги застапуваше сите тајни на Коза Ностра. Ова е крајот на митот и организацијата ќе мора да се справи со тоа“, заклучи Ана Серги, експерт за организиран криминал на Универзитетот во Есекс.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе