Кој е кој во филмската фела?

Во рамки на јубилејното, 40-то издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ се одржа коктел-забава „Стоејќи пред големиот филмски јубилеј – 70 години ДФРМ“.

Друштвото на филмските работници на Република Македонија е здружение на граѓани, основано на 21 мај 1950 година, формирано со слободно здружување на филмски работници од Македонија и има својство на правно лице. Друштвото е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници.

Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура.

Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Фестивалот започнат 1979 година, е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.

Исто така, Друштвото е иницијатор, основач и организатор и на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на РСМ.

Фото: manaki.com.mk