Кои познати личности имаат натпросечен IQ?

Кога станува збор за познатите личности, многумина го делат ставот дека овие луѓе не се пример за интелигенција. Но, можеби ќе бидете изненадени од некои од нив, кои го докажаа токму спротивното.

Просечните резултати на коефициентот на интелигенција, со две третини од оние кои го прават тоа, покажуваат бројки кои се движат од 85 до 115, додека само 5% од населението имаат коефициент на интелигенција над 125. Ова се познатите личности кои се во тоа малцинство.

Ештон Качер

Ѕвездата од серијата „That '70s Show“ има коефициент на интелигенција од 160. Студирал на Универзитетот во Ајова, каде имал намера да добие диплома по биохемиски инженеринг. Меѓутоа, подоцна се откажал за да стане модел. Неговата оригинална цел во кариерата била да открие лек за срцевите проблеми на неговиот брат близнак Мајкл.

Лиса Кудроу

Ѕвездата од серијата „Friends“ прилично нѐ излажа со својата глупава улога. Судејќи според резултатот од нејзиниот тест за интелигенција, кој е 154, оваа актерка е исклучително интелигентна. Дипломирала на Универзитетот Васар. Додека работела на тоа да стане актерка истовремено работела со нејзиниот татко и се здобила со признание за истражување во неговата студија за веројатноста левораките луѓе да развијат кластер за главоболка.

Квентин Тарантино

Иако како млад го напуштил средното образование, тоа воопшто не ја дефинира оваа ѕвезда. Неговиот коефициент на интелигенција е 160, што е ист коефициент на интелигенција како и Алберт Ајнштајн.

Шерон Стоун

Ако луѓето се водат од фактот дека „колку некој е поубав, толку е помалку паметен“, тогаш изгледот на оваа убавица измами многумина. Тврдат дека нејзиниот коефициент на интелигенција е 154.

Натали Портман

Актерката, чиј коефициент на интелигенција е 140, е посветена на образованието, прескокнувајќи ја дури и премиерата на нејзиниот филм „Star Wars Episode I: The Phantom Menace“ за да заврши средно училиште. Дипломирала психологија на Харвард, каде што била и асистент, а подоцна посетувала постдипломски студии на Универзитетот во Ерусалим. Нејзиното име е објавено двапати во научни списанија, а течно зборува повеќе од пет светски јазици.

Мајим Биалик

Многумина ја паметат како невробиолог во серијата „The Big Bang Theory“, но оваа актерка во реалниот живот има докторат по невронаука од Универзитетот во Калифорнија. Иако била примена на престижните универзитети Харвад и Јеил, таа избрала да оди на универзитет блиску до нејзиниот дом. По дипломирањето заминала на докторат, а нејзината работа се засновала на истражување на хипоталамусот кај пациент со синдром Прадер-Вили. Нејзиниот коефициент на интелигенција се движи помеѓу 150 и 163.

Џејмс Вудс

Американскиот актер и продуцент има највисок пријавен коефициент на интелигенција од оваа листа, а се вели дека е помеѓу 180 и 184. Иако првично планирал да продолжи со кариерата како очен хирург, тој посетувал менаџмент на информатичка технологија. Меѓутоа, за да стане актер, тој го напуштил МИТ непосредно пред дипломирањето за да ја оствари својата актерска кариера.

Стив Мартин

Пред да стане легендарниот комичар што сите го сакаме, Стивен студирал филозофија. Иако бил мотивиран да стане професор, неговата иднина тргнала во друга насока откако ја избрал театарската насока на Универзитетот во Калифорнија. Неговиот коефициент на интелигенција е 142.

Шакира

Една од најуспешните изведувачи, позната по стомачниот танц, течно зборува англиски, шпански и португалски, а знае и француски, италијански, каталонски и арапски. Во 2007 година запиша курс по историја на западната цивилизација на UCLA, со коефициент на интелигенција 140.

Мадона

И коефициентот на интелигенција на Мадона е 140. Додека го посетувала средното училиште West Middle School, Мадона била препознатлива не само по нејзиното чудно однесување, туку и по невообичаено високиот просек на оценки.

Арнолд Шварценегер

Коефициентот на интелигенција на нашиот омилен Терминатор е помеѓу 132 и 135. Дошол во Америка без пари и успеал да изгради цела империја. Тој има дипломи за фитнес маркетинг и бизнис администрација на Универзитетот во Висконсин-Супериор.

Никол Кидман

Иако неодамна призна дека не ја завршила последната година од средното училиште, коефициентот на интелигенција на Никол Кидман е 132. Заедно со нејзиниот татко психолог и биолог, актерката студирала на колеџот за уметности Викторан, а потоа го продолжила своето образование во театарот „Филип Стрит“ во Сиднеј. Го посетувала и Младинскиот театар во Австралија.

Џоди Фостер

Актерката важи за природно надарена, а јавноста знае дека почнала да чита уште на тригодишна возраст. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 132, што не е изненадувачки. Течно зборува француски и англиски, додека разбира и италијански, шпански и германски. Дипломирала литература на Универзитетот Јеил, каде што добила почесен докторат по ликовни уметности во 1997 година.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе