ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Клоп му се налути на преведувачот, па сам преведуваше

Австрискиот преведувач не ја преведе убаво изјавата на Хендерсон па Јирген Клоп реши тој да преведува за да нема забуни.

Ливерпул денеска гостува кај Салцбург во натпревар кој доколку го загуби може да испадне од Лигата на шампиони. На синоќешната официјална прес-конференција покрај Јирген Клоп беше присутен и капитенот Џордан Хендерсон чии изјави на англиски очигледно претставуваа проблем за преведувачот на германски јазик.

Одговарајќи на новинарско прашање Хендерсон беше преведен како вели дека „во овој натпревар ќе влеземе опуштено“. Меѓутоа, Јирген Клоп како Германец веднаш ја примети грешката на преведувачот и се налути.

„Сра*е е кога до преведувачот седи тренер кој зборува германски. Прашањето беше дали титулата од минатата сезона во Лигата на шампионите ни помага бидејќи досега во вакви ситуации вадевме резултат“, почна Клоп да објаснува на германски.

„Тој (Хендерсон) не зборува дека ќе влеземе опуштено во натпреварот. Свесни сме за овој предизвик. Тој зборува за тоа колку сето ова е нормално за нас. Треба навистина да слушаш убаво. Во спротивно, јас сам можам да преведувам. Не е толку тешко“, тренерот на Ливерпул ја разјасни проблематичната изјава на својот капитен засрамувајќи го преведувачот кој веројатно нема да ја добие целата дневница.

Салцбург го пречекува Ливерпул од 18.55 часот и доколку го победи, а притоа Наполи не загуби од Бриж, актуелниот шампион ќе биде елиминиран уште во фазата по групи.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе