Кирацовски: Катица, Камчев, Кичеец ниту ги знам, ниту сакам да ги запознаам

Скопје, 5 септември 2019 (МИА) – Пратеникот Александар Кирацовски по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција каде даваше исказ за случајот „Рекет“ рече дека со обвинителите споделил информации за одредени настани со кои располага, посочувајќи дека Катица, Камчев и Кичеец ниту ги знае, ниту сака да ги запознае.

-Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не се дискутираше со мене. Ниту ги знам, ниту ги познавам, ниту сакам да ги запознаам, рече Кирацовски.

Посочи дека како лице од кое се бараат посебни информации бил во Јавното обвинителство, каде ги споделил сите информации за одредени настани со кои располага.

-Се надевам и убеден сум дека од денес ќе завршат лажните вести, манипулациите, инсинуациите кои според мене нанесоа одредена штета на самата истрага, а нанесоа штета на недолжни луѓе. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само фактите, аргументите и она што е вистина, изјави Кирацовски.

Изрази уверување дека процесот ќе биде транспарентен и правичен и оти сите оние кои се огрешиле пред законот, ќе одговараат.

Рече дека себеси се смета за недолжен и оти не присуствувал на ниту една средба на која Јовановски се договарал со бизнисмени.

– Не сум ниту член на Меѓународниот сојуз, ниту сум побарал ниту било побарано да станам член, ниту сум обавувал некоја функција, рече Кирацовски.

Рече дека не знаел оти Јовановски вршел рекет и оти не бил близок со него.

– Ние сме политичари. Многу луѓе бараат од нас да се сликаат. Се надевам дека добар дел од нив не го злоупотребуваат тоа, меѓутоа апослутно не сметам дека во овој дел било кој од нас што се сликал со било кого направил злодело, рече Кирацовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кирацовски рече дека како и сите политичари, така и тој гостувал во емисиите на 1ТВ, особено кога бил шеф на Изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски.

Додаде дека не се препознава по прекарот Кики со кој се поврзуваше во јавноста.

– Не се препознавам под тој псевдоним. Имав средба со Геровски и сакав да проверам дали ме препознава мене или некој друг. Геровски ми призна дека во однос на мене направил фаул, рече Кирацовски.

За проектот во Битола со старечките домови, рече дека не посредувал.

Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, вчера даде и неговата сопартијка Фросина Ременски, а претходно неделава и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе