Свет

Ким преговара денуклеаризација со САД, а во меѓувреме тестира нови оружја

11. септември 2019 - 8:57 | Ф.З.

Севернокореанскиот лидер Ким Џонг Ун и натаму игра топло-ладно со САД откако ноќеска тестираше нов ракетен фрлач.

Државната агенција KCNA се пофали дека врховниот лидер го надгледувал успешното тестирањето на новиот ракетен фрлач кој Северна Кореја веќе некое време го развиваше.

На тестирањето веднаш реагираа Американците бидејќи неодамна Северна Кореја даде зелено светло за нова рунда преговори околу фамозната денуклеаризација. Но, Кореанците се познати по тоа што секогаш пред било кои преговори знаат да тестираат некое оружје само за да ја покажат својата воена моќ.

Јужна Кореја го детектирала и следела тестот на северниот сосед информирајќи дека биле истрелани проектили со краток дострел од источниот брег околу 330 километри во водите на Јапонското Море.