Хаосот со Јуве нема крај: Суспензија им се заканува на Роналдо, Кулушевски, Пјаниќ...

Казната што ја доби Јувентус по финансиските малверзации би можела да се прошири и на фудбалерите кои за тоа време играле за „Старата дама“, а Италијанците ги објавија имињата на 23 фудбалери кои се под истрага.

Минатата недела веста за одземени 15 бодови на Јувентус ја шокираше Италија. По истрагата за нивните финансии, која трае повеќе од една година, на Јувентус му се одземени 15 бода и тоа е тежок удар за пласманот сезонава во Серија А.

Јувентус уште некое време ќе биде на суд и она што веројатно го чека е уште построга казна, која ќе биде поврзана со настапите во Европа, но се чинеше дека играчите ќе поминат без казна. Според италијанскиот новинар и поранешен фудбалер, Паоло Ѕилиани, тоа не е точно.

Ѕилиани денеска објави сензационална вест која ја потресе Чизмата. Тој ексклузивно ги објави имињата на 23 играчи кои се под истрага за прифаќање на лажно помали плати во корист на Јувентус. Поради ова, тие се соочуваат со суспензија од 30 дена, дури и ако веќе не играат за Јувентус или воопшто не се во италијанскиот фудбал.

URL

Постојат бројни ѕвезди што го носеле бело-црниот дрес во последните години. Меѓу нив секако се Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, Дејан Кулушевски, Миралем Пјаниќ, како и многу други првокласни играчи.

Ѕилиани тврди дека во истрагата биле испитани сите вклучени членови и дека ги признале околностите.

„Двајцата играчи, Матајс де Лихт и Матиа Де Шиљо, им дадоа на судиите копии од разговорите во WhatsApp во кои Џорџо Кјелини им ја објаснил целата измама со тоа што сугерирал да не им го спомнуваат ова на новинарите“, наведува Ѕилиани.

Новинарот објави и официјални документи во кои се наведува времето на потпишување на договорот под името „маневри со плати“, во кои се вклучени 23 играчи. Заедно со документите, тој рече дека секое од 23-те имиња се соочува со суспензија, барем на еден месец.

Заедно со Роналдо, Дибала, Кулушевски и Пјаниќ, меѓу другите се и Леонардо Бонучи, Адриен Рабјо, Џорџо Кјелини, Џанлуиџи Буфон, Гонсало Игуаин, Арон Ремзи, Војчех Шченсни, Федерико Кјеза, Сами Хедира, како и тренерот Маурицио Сари.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе