ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

Хајдук ќе се обиде спогодбено да го раскине договорот со Трајковски

Хајдук зад себе има уште една разочарувачка сезона. Клубот влезе со големи амбиции, кои како кула од карти ги урна најголемиот ривал Динамо.

Во период од четири дена Динамо најпрвин го исфрли Хајдук од борбата за шампионската титула, а потоа и од Купот на Хрватска. Она што најмногу ги боли симпатизерите на овој клуб е што двата пораза Хајдук ги доживеа на домашен терен.

Во недалат Хајдук доби уште еден удар, загуби и од Ријека, која сега се истакнува како најсериозен кандидат за шампионскиот трофеј.

Прв цехот за лошите резултати го плати претседателот Лукша Јакобушиќ. Во понеделникот, Надзорниот одбор го разреши од функцијата на која стапи во октомври 2020 година.

Хајдук го очекуваат големи промени во преодниот рок. Според медиумите, еден цел тим ќе си замине од „Пољуд“. Еден од оние што ќе заминат е и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Sportske novosti пишува дека Трајковски е еден од неколкуте играчи со кои клубот ќе преговара за спогодбен раскин на договорот. Македонскиот репрезентативец има договор со Хајдук и за следната сезона.

„Еден гол сезонава, од почетокот на ноември одигра само 21 минута во првенството. На ова нема што да се додаде освен што 31-годишниот Трајковски има договор до летото 2025 година. Нема да навлегуваме во неговата плата, но со оглед на тоа колку играше и што покажа, дефинитивно е неоправдано луксузна инвестиција“, стои во текстот на Sportske novosti.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Фудбал

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за репрезентација

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе