Стил

Казахстански аутлет рекламираше облека со „убиени“ моделки

11. септември 2019 - 11:20 | Ф.З.

Лавина критики доби една казахстанска продавница за облека откако новата колекција од H&M ја рекламираше со девојки кои глумеа дека се жртви на убиства благодарение на креативната идеја на едно фото-студио.

Прилевлекување муштерии за профит нема граници. Очигледно не во поранешната советска република. Во време кога Казахстан се соочува со проблеми поради насилството врз жените, еден локален аутлет новата колекција од брендот H&M ја изрекламира користејќи женски модели кои глумат дека се убиени.

Една од сликите покажува девојка која лежи во бања со крвав нож до неа, на друга жртвата е со откопчан патент на пантолоните што индицира дека можеби е силувана, а има и убиство со пиштол и со давење.

Авторите на фотосесијата од фот-студиото Buro 24/7 објаснија дека бизарната идеја била поради тоа што колекцијата на H&M која сакале да ја промовираат е инспирирана од модата во 70-тите со топли бои. Всушност, идејата ја добиле од американските филмови за сериските убијци Чарлс Менсон, Тед Банди, Едмунд Кемпер и Џери Брудос кои дури и станаа популарни кога беа активни.

H&M воопшто не знаеле за тоа како е промовирана нивната колекција. Фото-студиото Buro 24/7 ги повлече сликите и се извини, а аутлетот ќе мора да бара нов начин на реклама.