Карингтонов настан: Што ја предизвика најголемата сончева бура забележана на Земјата?

Короналната експлозијата на Сонцето била толку силна што исфрлила огромно количество материјал кој пристигнал на Земјата по само 17,6 часа и довел до појава на поларна светлина во тропските делови на планетата.

Само неколку месеци пред максимумот на 10-тиот сончев циклус (февруари 1860 година) забележана била една од најсилните сончеви бури на Земјата. Експлозијата во короната на Сонцето била толку силна што исфрлила огромно количество материјал (исфрлање на коронална маса, CME), кој пристигнал на Земјата по 17,6 часа и довел до појава на поларна светлина во тропските делови на планетата.

Во периодот од 28 август до 2 септември 1859 година на Сонцето било забележано присуство на огромна група дамки. Активноста на оваа група дамки веќе на 29 август довела до појава на поларна светлина (аурора австралис), која била забележана далеку на север на јужната хемисфера, во Квинсленд (Австралија).

Англиските аматерски астрономи Ричард Карингтон и Ричард Хоџсон, независно еден од друг, го снимиле појавувањето на првиот силен факел околу пладне на 1 септември.

Овој факел бил поврзан со огромна коронална експлозија која патувала директно кон Земјата. Брзината на исфрлениот материјал била огромна и за само 17,6 часа наелектризираните плазма честички поминале 150 милиони километри и стигнале до нашата планета (обично се потребни неколку дена за CME да стигне до Земјата).

Remote video URL

Се претпоставува дека причината за оваа огромна брзина на честичките на овој CME е што некоја претходна експлозија (најверојатно онаа од 29 август) го исчистила патот од Сонцето до Земјата, па отпорот во меѓупланетарниот простор бил многу мал.

Огромен број наелектризирани честички (плазма) се судриле со магнетното поле на Земјата. Поради силината на ударот, Земјината магнетосфера, која нѐ штити од такви работи, била сплескана од стандардните 60.000 km на само 7.000 km и делумно уништена.

Ова довело до појава на поларна светлина низ планетата. Забележано е дека рударите во Карпестите Планини биле разбудени во текот на ноќта од силна светлина за која мислеле дека е изгрејсонце. Во североисточниот дел на САД ноќта станала толку светла што весниците можеле да се читаат надвор на светлината на аурора бореалис. Поларната светлина стигнала до Хаваи, централниот дел на Мексико, Куба, јужните делови на Јапонија и Кина, па дури и речиси до екваторот - Колумбија.

Remote video URL

Освен овој прекрасен ефект, оваа сончева бура од пред 160 години довела до некои проблеми. Телеграфската мрежа низ Европа и Северна Америка престанала да функционира. Многу оператори претрпеле струен удар, а меѓу некои телеграфски столбови блеснале молњи. За заштита на мрежата, многу оператори ги исклучувале батериите, но и после тоа можело да се праќаат пораки бидејќи во мрежата имало повеќе од доволно струја.

Биле потребни неколку дена за светот да се опорави од ова невреме…

Remote video URL

Според некои проценки, доколку слична експлозија денеска ја погоди Земјата, последиците би биле катастрофални. Штетата на електричните уреди би била милијарди долари, а ќе бидат потребни години за да се опорави инфраструктурата.

Слични настани со Карингтон, но многу помалку интензивни, се забележани во поновата историја. Во 1921 и 1960 година биле забележани тешки пречки во радио комуникациите, а во март 1989 година сончева бура ја собори електричната мрежа низ Квебек.

Енергетски настан сличен со Карингтоновиот се случи на 23 јули 2012 година - за среќа, оваа експлозија не беше насочена во правец на Земјата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе