Караоке со лошо преведени песни преку Google Translate

Шоуто на Џими Фалон е збогатено со уште еден интересен сегмент: пеење караоке со текстови на популарни песни преведени на други јазици со алатката Google Translate и пак преведени на англиски.

Заедно со актерката Ен Хатавеј, Џими Фалон ги преработува песните како Can’t Feel My Face  на Weeknd што во груб превод звучи нешто како „Кога си тука предниот дел не ми се чувствува“.