„Као какао“ на Леб и сол по 35 години повторно на винил

Македонската група „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во екс-југословенската дискографија. По повод 35 години од објавувањето на култниот албум, издавачката куќа Croatia Records го претставува ексклузивното винилно реиздание на „Као какао“.

Албумот што остана актуелен до ден денес, повторно е достапен во физичка форма, на 180-грамскиот винил, режан со половина брзина, half speed технологија, во студиото Abbey Road во Лондон, се наведува во денешното соопштение на Croatia Records - Македонија.

– Освен half-speed мастерингот, направен од Мајлс Шоуел, изданието вклучува богата книгичка со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од Croatia Records и придружни текстови. Иако беше издаден во 1987 година, бендот почна да експериментира со идеи за нов студиски албум неколку години порано. По албумите „Калабалак“ од 1983 и „Тангента“ од 1984, издадени за Југотон, следеше „Звучни зид“ од 1986 година, албум со песни што во меѓувреме, беа напишани специјално за театар, филм и телевизијa. Групата, ќе признаат членовите, минуваше низ прилично кризен период од 1985 година, а евентуалниот неуспех на планираното студиско издание, секако ќе означeше распад на уште еден рок гигант, пишува во соопштението.

Како што се додава, за да го максимизира потенцијалот на новиот материјал, бендот во состав Влатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучува да го покани младиот виртуоз на клавијатури Кирил Џајковски, кој станува постојан член, а покрај него, на снимањето се приклучуваат и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски.

– Целиот материјал е снимен во познатото М-2 студио на Радио-телевизија Скопје, каде меѓу другите снимаше и групата „Bijelo Dugme“. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум. За звукот на овој албум, меѓу другите, беше задолжен и Братислав Зафировски, кој освен за снимањето, беше заслужен и за миксот, а со Влатко и Бодан ја потпиша и продукцијата на „Као какао“. Со ова издание, „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите состави во историјата на нашите простори, пишува во соопштението.

Винилното реиздание на „Као какао“, фановите од државава можат да го нарачаат онлајн, преку веб-продавницата на Croatia Records.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе