Музика

Канје Вест: Ќе дојде времето кога ќе бидам претседател на САД

25. октомври 2019 - 11:19 | Б.С.Б.

Американскиот рапер Канје Вест е упорен во желбата еден ден да стане претседател на САД. Тој повторно изјави дека еден ден ќе биде претседател на најмоќната држава во светот.

Во емисија на Apple Music музичарот пред излегувањето на новиот албум „Jesus is King“, зборуваше на различни теми, од порнографија до Доналд Трамп. Изјави дека отворено го поддржувал републиканскиот претседател бидејќи сакал да ги нервира неговите противници демократи.

Вест е уверен дека еден ден ќе биде во Белата куќа.

„Ќе дојде времето кога ќе бидам претседател на САД“, вели тој, наведувајќи дека тогаш ќе се сети на оние кои не биле во состојба културолошки да го разберат тоа што прави.

Музичарот и претходно зборуваше за намерата да се кандидира за претседател на САД во 2020 година, велејќи дека би бил „поинаков“ претседател.