Како Шакира се потруди никој да не дознае дека глумела во теленовела?

Шакира е препознатлива по песните кои станаа глобални хитови како што се „Hips Don't Lie“ или „Waka Waka“, но ретко кој знае дека на почетокот на нејзината кариера таа се испробала и во актерството.

Меѓутоа, бидејќи не била задоволна од тоа како изгледала тогаш, ги откупила правата за прикажување на серијата.

Колумбиската пејачка имала 16 години кога глумела во теленовелата El Oasis во 1993 година, но брзо сфатила дека пеењето е нејзиниот прв избор, а актерството веројатно не ѝ било едно од најдобрите искуства во тоа време, поради што ги купила правата за да спречи да биде емитувана.

Шакира ја играла улогата на Луиза Марија, која откако се соочува со природна катастрофа во нејзиниот роден град, ја пронаоѓа љубовта со Саломон, кој го игра Педро Рендон. Доколку сакате да ја гледате теленовелата, голема е веројатноста дека нема да најдете многу содржина на интернет, бидејќи пејачката ги купи правата од CenproTV.

Еден од ретките клипови од серијата беше споделен на X (Twitter), а може да се забележи дека пејачката изгледа значително поинаку.

URL

Режисерот Педро Моголон еднаш откри за Buen Día Colombia дека Шакира се издвојувала од актерската екипа иако имала само 16 години.

„Знаев дека таа девојка ќе оди далеку порано или подоцна“, рече тој и додаде: „Не бев изненаден кога стана ѕвезда, знаевме дека ќе биде“.

Тој откри и дека не ѝ се допаѓало како изгледала: „Таа сакаше да биде русокоса и тоа беше нејзина одлука. Еден ден стигнав во CenproTV да си ја земам платата и ми рекоа има уште еден чек за мене бидејќи некој ги купил правата. Знаев дека таа серија веќе никогаш нема да игра на телевизија“.

Пејачката подоцна имаше неколку појавувања во серии, но во поединечни епизоди. Обожавателите се сеќаваат на нејзиното појавување во Wizards of Waverly Place на Disney заедно со Селена Гомес.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе