Како различните погони се справуваат со лизгава површина?
Не постои решение кое може да ви донесе целосна безбедност на лизгава површина, дури ниту зимските гуми или ланците. Со напредокот на целата автомобилска индустрија, на пазарот се појавија возила со различни погони, кои се приспособени за различни услови.
Очекувано е дека погонот 4х4 се снаоѓа добро во секакви услови, но постои разлика помеѓу начините на кои тој и останатите погони ги совладуваат пречките. Во ова видео можете да го видите одличниот тест кој го направи екипата од школата за рели возење Team O’Neil.