Како најдобро да ги искористите попустите за Black Friday?

Секој последен петок во ноември е посветен на Black Friday шопинг, па така и овој. Имаме неколку совети како навистина да направите добар шопинг и да не жалите подоцна.

Без разлика дали веќе се подготвувавте или не за шопинг овој петок, има попусти кои може да ве изненадат. Можеби воопшто не планирате ништо, но од друга страна – зошто да не си признаете дека секогаш е можно да се појави некоја понуда што ќе ви биде баш добредојдена. Некои сајтови објавија своите попусти и неколку дена порано, а други чекаа да помине полноќ.

Ова се нашите совети како паметно и најдобро да ги искористите понудените попусти за Black Friday и да се подновите со нешто што навистина вреди.

Купувајте онлајн

Купете сè што можете онлајн, за да не создавате огромни гужви во продавниците и да го изберете само она што навистина ви треба. Седнете пред компјутер или фатете некоја добра зделка со телефонот в раце. Вака ќе имате поголема контрола врз купувањето и ќе се спасите од гужвите и турканиците.

Златна листа

Веројатно веќе имате таен список со желби за купување, отворете во Favorites и вашите Notes во телефонот, бидете подготвени и фатете ги кога се на продажба. За секој случај, проверете и производи слични на оној што го барате – можеби некој бренд ќе ве изненади пријатно.

Знајте каде купувате, а каде не

Размислете за брендовите и продавниците. Дали се веродостојни нивните онлајн продавници, која е политиката на враќање производ на компанијата, прочитајте коментари на корисници...

Размислете за парче на кое вообичаено не би потрошиле пари

Размислете за оние работи за кои мислите дека се прескапи, но сепак ви се допаѓаат. Ако цената падне за 30 проценти, можеби ќе вреди искуството. Но, дајте си паричен лимит.

Завршете го денеска шопингот за новогодишни подароци

Зошто да купувате само за себе? Можете да го искористите Black Friday така што ќе го завршите новогодишниот шопинг и ќе купите подароци за вашите најблиски. Така ќе одбегнете да купувате во гужвата пред Нова година и да платите повеќе.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе