Како да слабеете без да ги изгубите мускулите?

А.С.
/ 17.03.2022 / 15:11

Златното правило на слабеењето е дека тоа треба да подразбира исклучиво топење на масните наслаги, што значи дека треба да се потрудите да го зачувате мускулното ткиво.

Во поголемиот број случаи слабеењето и градењето мускули не одат едно со друго. Дури и многу е лесно да изгубите на мускулна маса додека слабеете, ако пристапот кон исхраната и вежбањето ви е погрешен.

Кога сакаме да создадеме добри услови за слабеење, тогаш тоа се лоши услови за градење мускули – внесуваме помалку калории отколку што трошиме и релативно се празни залихите на гликоген во мускулните резерви.

Ако не сте почетник или ако не сте почнале повторно да вежбате по подолга пауза, бидете сигурни дека нема да изградите мускулна маса додека слабеете.

Она на кое треба да се фокусирате е да ги зачувате мускулите додека го „согорувате“ поткожното масно ткиво.

Исхрана богата со протеини

Без разлика за каков режим на исхрана сте се одлучиле, многу е важно да го зголемите внесувањето на протеини ако сакате да ја зачувате мускулната маса. Организмот треба постојано да има пристап до протеини. Истражувањата покажаа дека дури и кога не вежбате, со исхраната богата со протеини организмот има тенденција да го согорува масното ткиво, а притоа да ја зачува мускулната маса.

Почнете постепено со диетата

Голема грешка е наглото почнување со намалено внесување калории, што во комбинација со вежбањето може да резултира со поголемо губење на мускулна маса отколку што е потребно. Процесот на слабеење почнете го постепено и обидете се да го топите масното ткиво што е можно подолго, со што е можно повеќе храна.

Прилагодете го тренингот на слабеењето

За време на диетата пожелно е да намалите некои од параметрите на тренингот, како намалување на бројот на серии или бројот на вежби во еден тренинг или вкупниот број на тренинзи неделно. За одржување на мускулната маса што веќе ја имате треба да вежбате помалку од претходно, кога целта ви била билдање на нова мускулна маса.

Задржете го интензитетот на вежбањето

Треба да ја намалите вкупната количина на вежбање, но исклучително важно е да го задржите интензитетот на вежбање. Мускулите треба да ги изложите на истиот интензитет на кој се навикнати. Затоа, потрудете се да вежбате со истото ниво на отпор, темпо и тежина како и досега, но, како што рековме со помалку серии и број на тренинзи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе