Како да разликувате различни акценти на англискиот јазик како експерт?

Ако сте студирале англиски јазик или едноставно ве интересира и фасцинира англискиот јазик и сите негови акценти и дијалекти, сигурно сте се нашле во ситуација каде не сте можеле со сигурност да кажете на кој акцент зборува соговорникот, некој лик во филм или авторот на видео на YouTube.

Експертот за акценти и тренер за дијалекти Ерик Сингер ги образложува суптилните разлики меѓу различните акценти на англискиот јазик.