Како да разликуваме тага од депресија?

Речиси секој од нас во некој период од животот се соочил со некаква форма на депресија, но за жал, оваа душевна состојба е страшно несфатена и често несоодветно лекувана.

Колективно гледано, проблемот со депресијата главно лежи во несфаќањето што точно претставува таа и да се разликува од една друга состојба која сите од нас добро ја знаат, а со која има многу сличности – а тоа е тага.

Поради несфаќање и ненавремено третирање на душевните состојби, ситуацијата се влошува и почнува да го обзема животот во сите негови сфери.

Експертите на The School of Life на прекрасен начин објаснуваат како да ги разликуваме депресијата и тагата и како да се справиме со депресијата ако ја идентификуваме.