Како да го продолжите животниот век на моторот?

Без разлика дали сте искусни возачи или сега сте седнале зад волан, секогаш е добро време за усвојување добри шоферски навики.

Автомобилските стручњаци ги издвојуваат овие навики на добрите возачи со кои можете да го продолжите животниот век на моторот на вашиот автомобил.

Овие навики се однесуваат на начинот на кој го користите моторот во различни периоди од годината.

Еден од клучните фактори за подолг животен век на моторот е редовното менување на маслото и тоа во правилни временски интервали.

Стручњаците советуваат да користите производ што најмногу одговара на типот на моторот, но и на самиот бренд, од каде честопати самите ќе ви предложат одреден тип на масло од конкретен производител.

Друга важна работа е контрола на состојбата на системот за ладење, бидејќи прегревањето може да предизвика низа сериозни последици кај моторот и да ја намали неговата моќност.

Треба редовно да го проверувате нивото и квалитетот на разладните течности и да барате евентуални протекувања.

Во ладните месеци се препорачува благо загревање на моторот по палењето и лесно движење со постепено забрзување, а не веднаш да форсирате високи вртежи.

Стручњаците советуваат никогаш да не го возите автомобилот со минимална количина гориво и препорачуваат резервоарот да е барем 50% полн пред да тргнете.

За крај, никогаш немојте да ги игнорирате знаците што трепкаат на контролната табла. Постојат со причина – да ве предупредат дека нешто не е во ред со возилото.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе