Возевме
Porsche Driving Experience

Кајгана авантура со најмоќните возила на Porsche

26. септември 2018 - 16:15 | М.Л

Низ Македонија помина Porsche Road Tour, а како дел од оваа автомобилска дружба имавме прилика да поминеме возбудлив ден тестирајќи некои од најатрактивните модели на германската компанија.

Од моделите кои ни беа на располагање ги тестиравме Cayenne S, Macan Turbo, Panamera ST Turbo S E - Hybrid и 718 Cayman GTS во впечатлива „Miami Blue“ боја.

Пред да седнеме зад воланот на овие престижни спортски автомобили, имавме задолжителна лекција за тоа како треба да се одвива управувањето, во која формација да се движиме и кои се спецификациите и некои од функциите на моќните Porsche возила. 

Најмногу време поминавме со атрактивниот 718 Cayman GTS, кој изгледа „убиствено“ добро во сина боја и располага со звук и забрзување кои изнудуваат возбуда и насмевка секој пат кога вртежите ќе почнат да се зголемуваат.

Погледнете ја галеријата која ја подготвивме за вас.