Јуве на ремонт, Роналдо не успеа да ги спаси од проклетството

Јувентус го победи Порто со 3:2 во реваншот од Лигата на шампиони по продолженијата, но беше елиминиран поради помалку голови во гости.

Јувентус даде повеќе од 100 милиони евра на шпанскиот гигант Реал Мадрид за нивниот најдобар фудбалер во историјата, Кристијано Роналдо. Го доведоа, пред сѐ, за конечно да ги спаси од проклетството и да ја освојат Лигата на шампиони за првпат од 1996 година.

Италијанскиот шампион го донесе Роналдо пред три години, а со славниот Португалец во три сезони не стигна ниту до полуфиналето. Роналдо има постигнато вкупно 14 погодоци во ЛШ за три сезони во Јувентус, еден помалку отколку што го постигна минатата година во Реал во ЛШ. Покрај тоа, Јувентус  до неговото доаѓање двапати играше во финале на Лигата на шампиони во последните десет години, а со најскапиот играч во историјата на клубот не излезе надвор од четвртфиналето.

Сè уште не е познато каква е иднината на 36-годишниот Роналдо во „Старата дама“.

Претседателот на Јувентус, Фабио Патричи, завчера го коментираше договорот на Роналдо за Sky Sports.

„Кристијано има уште една година договор со нас. Продолжувањето на неговиот договор не е наш приоритет во моментов, имаме време да разговараме за тоа“, рече Патричи.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо претходно извести дека судбината на Португалецот наскоро ќе се дискутира во клубот. Договорот на Роналдо со Јувентус трае до крајот на сезоната 2021/22.

Познато е околу кого ќе се гради новиот тим

Романо исто така наведува дека Јувентус ќе изврши ремонт на тимот и дека Вестон Мекени (22), Федерико Кјеза (23), Матјас Де Лигт (21) и Војчех Шчесни (30) ќе бидат играчите околу кои ќе се гради новиот Јувентус.

Сигурно е дека Арон Ремзи, кој не се покажа како засилување, ќе го напушти клубот, а тренерот Андреа Пирло веќе најави дека ќе остане на клупата и дека нема намера да се повлече по резултатскиот неуспех во Лигата на шампиони.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе