Јапонија одбележува 74 години од нуклеарниот напад врз Нагасаки

Јапонскиот град Нагасаки денеска одбележува 74 години од нуклеарниот напад кој го изврши американската авијација само три дена по уништувањето на Хирошима по што Јапонија прогласи капитулација во Втората светска војна.

Точно во 11 часот и 2 минути, кога била фрлена бомбата врз градот, во Паркот на мирот се огласуваат ѕвона и со минута молчење насобраниот народ им оддава почит на преку 70 илјади загинати.