Jaguar го претстави новиот F-Type: Дигитализацијата пред сè

Со новата генерација на спортскиот модел на Jaguar пристигнува модернизирана внатрешност во која посебно се истакнува дигиталната 12,3 инчна инструментална табла, а тука и е новиот мулитимедијален систем кој ги поддржува апликациите Apple CarPlay и Android Auto.

Промените на каросеријата вклучуваат ново лице со хоризонтално поставени LED светла и генерално „помеки“ основни линии.

Дволитарскиот четирицилиндричен турбо бензин мотор од 300 коњски сили и трилитарскиот V6 на кој му асистира механичкиот компресор од 380 коњски сили се позајмени од досегашниот модел, но во Jaguar моќната 5-литарска V8 опција со 575 коњски сили сега ја нудат во комбинација со верзијата R.

Вредноста на максималниот вртежен момент изнесува 700 Nm, а споменатите бројки се доволни за забрзување од 0 до 100 км/ч. за 3,7 секунди до 299 км/ч. Новиот Jaguar има осум степен автоматски менувач.

Почетната цена на Coupé моделите изнесува 64.200 евра, а за основниот Cabrio треба да издвоите 71.200 евра. Најмоќниот F-Type R Coupé без додатоци чини 125.600 евра.