Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата

На вчерашната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател на државата за претседателските избори 2024 година.

„По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата.

Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата“, велат од СДСМ.

„Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.

Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност.

Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе