Излезе снимка како Меси ги мотивира соиграчите на „Енфилд“

Се сеќавате на неверојатниот натпревар лани кога Ливерпул надокнади негатива од 3:0 и ја елиминираше Барса? Дури сега излезе на виделина видео од говорот на Меси на полувремето на „Енфилд“.

Некој со мобилен во соблекувалната на Барселона го снимал Лео Меси за време на полувремето од полуфиналето во Лигата на шампионите кога Ливерпул имаше водство од 1:0, а бркаше негатива од 0:3.

„Ајде момци, да фатиме ритам. Не смееме да ја испуштиме оваа прилика. Ајде, скоро сме таму. Ајде да бидеме силни. Да се потсетиме: во Рим беше наша вина, на никој друг. Да не дозволиме да ни се случи истото“, вели Меси.

Залудно, Барса сепак прими три гола и не стигна до финалето.