Авто новости

Изгледа Bugatti сепак ќе произведува SUV модел

18. септември 2019 - 13:07 | Ф.З.

Многу е веројатно дека производителот на хиперспортски автомобили се предомислил, па долгонајавуваниот втор модел сепак ќе биде кросовер возило.

Штефан Винкелман, првиот човек на францускиот производител, во интервју за Blumberg изјави дека компанијата планира да ја удвои својата ексклузивна понуда. Со други зборови, на засега единствениот модел Chiron во блиска иднина би требало да се придружи уште еден.

Официјална потврда на тоа за точно каков новитет се работи, засега нема, а Винкелман вели дека тој автомобил ќе има четири седишта и дека ќе поседува „умерени оф-роуд способности“. Ваков краток опис упатува на тоа дека се работи за SUV/кросовер возило.

Се знае дека нема да има електричен погонски систем бидејќи тој сѐ уште не одговара на перформансите на возилата на Bugatti кои и натаму работат на конвенционален мотор со внатрешно согорување. Затоа пак, како што највавува Винкелман, можно е погонот да биде хибриден.