Издржа женски: Фиона победи 215 мажи на Трансконтиненталната трка

Германката Фиона Колбингер е победник на Трансконтиненталната велосипедска трка низ Европа поминувајќи 2.485 километри за само десет дена и оставајќи зад себе 215 натпреварувачи од посилниот пол.

Ѝ беа потребни 10 дена, 2 часа и 48 минути, додека второпласираниот Британец Бен Дејвис заостануваше цели 200 километри во моментот кога Колбингер стигна на целта утринава.

„Премногу сум изненадена од победата. Кога се пријавив за трката си мислев дека би можела да завршам прва меѓу жените, но никогаш не се надевав дека ќе бидат севкупна победничка“, рече 24-годишната Колбингер која работи како истражувач на лек за карцином.

Трансконтиненталната трка за првпат се одржа во 2013 година кога велосипедистите стартуваа од Лондон, а завршија во Истанбул. Оваа година почетокот беше во бугарскиот град Бургас, а целната линија во Брест на северот на Франција.

Натпреварувачите мораат да се придржуваат до строги правила за време на возењето. Можат самите да си го одберат патот по кој ќе возат, но мора да поминат низ неколку контролни пункта, а задолжително е минување и низ преминот Тимелсјох на височина од 2.474 метри во Јужен Тирол на границата помеѓу Италија и Австрија. По пат не смеат да прашуваат луѓе за насоки, а мораат сами да се снаоѓаат за храна и за спиење.

Оваа година трката минуваше низ Бугарија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Италија, Австрија, Швајцарија и Франција. Од 265 велосипедисти 40 беа жени, а за првпат жена е севкупен победник.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе