Книги

Истражување открива: Луѓето кои читаат книги се посреќни

14. август 2019 - 15:14 | Б.С.Б.

Ново истражување нарачано од Kindle открива дека 71 проценти од луѓето кои читаат неделно се чувствуваат посреќно во споредба со оние кои поретко читаат или воопшто не читаат книги.

80 проценти од оние кои учествувале во истражувањето, спроведено во 13 земји, изјавиле дека читањето ги подобрува нивните односи. Книгите исто така можат да направат разлика во романтичните врски. 41 проценти од анкетираните парови изјавиле дека разговорот за книги е една од работите поради која се вљубиле во партнерот.

Една работа која скоро половина од испитаниците ја имаат како заедничка е личната цел годинава да прочитаат што повеќе книги. 70 проценти од анкетираните откриваа т дека не учествувале во одредени активности само за да читаат книги.

Луѓето кои читаат книги изгледаат посреќно, покажува крајниот заклучок на истражувањето.