Здравје

Истражување: Дали солта дебелее?

1. ноември 2019 - 13:43 | М.С.

Прекумерниот внес на сол во организмот е една од причините за висок крвен притисок. Најновото истражување објавено во списанието The Journal of Clinical Investigation покажува дека внесот на сол може да биде и причина за дебелеење.

Постои еден мит, а тоа е дека солената храна поттикнува да пиете повеќе вода.

Но, научниците открија дека солта всушност ја намалува потребата за вода, а со тоа е причина за прејадување. Во најлош случај, солта може да направи сериозно пореметување на работата во организмот, што во најлош случај може да биде причина за дијабетес и други сериозни проблеми.

Со оглед на тоа дека луѓето ширум светот секојдневно внесуваат 50% повеќе сол од дозволеното, важно е да најдете начин како ќе го намалите внесот, колку и да не можете да оддолеете на солената храна

Трудете се да го намалите внесот на сол и заменете го со билки или други полесни зачини.

Биберот е одлична замена за сол и поздрава варијанта.

Обидете се да издржите осум недели за да ја победите оваа лоша навика. 

Кога ќе се навикнете да јадете помалку сол, ќе се чувствувате поубаво, пишува Health24.