Искрени илустрации за предизвиците на мајчинството

Да се биде мајка е благослов, а низ мајчинството секоја жена минува низ подеми и падови кои нема да ги разберете додека и самите не станете родител. Токму на ваквите ситуации, низ искрени илустрации, укажува уметницата Пола Кука.

Со нејзините искрени илустрации за реалноста додека мајките ги одгледуваат децата Пола сака да укаже што гледа јавноста, а што всушност е реалноста. Осудувањето, двојните стандарди и слично се дел од илустрациите, а се ситуации со кои денешните мајки се соочуваат во општеството. Никој не ги гледа малите ситници кои една мајка ги прави секојдневно за децата. Уметницата тоа го споредува како слична ситуација со професионален спортист кој е мускулест, но сите го гледаме како краен резултат, без да бидеме свесни колку часови тој минал во вежбање, колкава болка чувствувал и слично, пишува Bored Panda.

Пола станала уметник благодарение токму на предизвиците од мајчинството.