Ирина Шајк е моден камелеон во Милано

Руската манекенка Ирина Шајк изгледа прекрасно во речиси секаква модна комбинација, а тоа го докажува и на оваа Модна недела во Милано.

Шајк (33) пристигна во центарот на модата во опуштена комбинација од кожен шорц, бела кошула, долг класичен мантил и Док Мартинс чизми.

Низ улиците на Милано беше видена во припиен црн фустан на закопчување од кој ѕиркаше градник од тантела, а на забавата по повод 20-тиот роденден на јапонскиот Vogue дојде во комбинација инспирирана од Versace и високи чизми над колена со леопард дезен.

Вистински моден камелеон!