Инженери докажаа дека мостот на Да Винчи функционира

Големиот Леонардо да Винчи меѓу другото дизајнирал и мост кој никогаш не бил изграден, но денес инженерите докажаа дека тој успешно би функционирал.

Во 1502 година отоманскиот султан Бајазит II сакал да го спои Истанбул со Галата со многу поголем мост од оној изграден од Јустинијан во VI век.

Леонардо да Винчи понудил решение на инженерскиот предизвик, мост доволно голем под кој ќе минувале бродови. Но, султанот не ја прифатил идејата која на Отоманската Империја би ѝ го подарила најголемиот мост во тоа време.

Нацртите на Да Винчи за мостот се сметале за изгубени сѐ до 1952 година кога биле пронајдени. Оттогаш се инспирација за стотици инженери, а во 2001 во Осло беше направен мал модел на леонардовиот мост кој до денес перфектно функционира.

Карли Баст од Технолошкиот институт во Масачусетс изработи модел со размер од 1:1500 направен од 126 блокови со помош на 3D принтер и својата макета ја претстави на конференција во Барселона.

Истражувала какви материјали биле достапни во времето на Да Винчи за мостот да биде изграден онака како што бил оригинално замислен. Заклучила дека најдоброто решение би било камен бидејќи со цигли или дрво не би бил доволно цврст.

„Мостот е неверојатно амбициозен проект. Во тоа време бил десет пати подолг од останатите мостови. Сѐ се држи заедно само со компресија“, вели Баст.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе