Instagram заработува повеќе пари од рекламирање отколку YouTube

Во процесот на обидот да ги одврати обвинувањата за монопол, Meta откри детали за тоа колку приходи од реклами остварил Instagram во изминатите неколку години.

Во 2021 година, приходите од реклами на Instagram беа 32,4 милијарди долари, што е повеќе дури и од видео сервисот YouTube, кој генерира 28,8 милијарди долари во истата година. Business Insider претходно ја истакна предноста на Instagram во однос на YouTube, истакнувајќи дека YouTube 55% од секој долар што го заработува од рекламирање дава на сопствениците на содржини кои поставуваат клипови, додека Instagram издвојува многу помалку.

Разликата е очигледна дури и ако погледнете подалеку. Во 2020 и 2019 година, Meta објави приход на Instagram од 22 и 17,9 милијарди долари, додека приходите од реклами на YouTube беа 19,7 и 15,1 милијарди долари за истите години.

Bloomberg објави дека бројките покажуваат дека уделот на приходите на Meta од Instagram се зголемил од 26% во 2020 година на речиси 30% во првите шест месеци од 2022 година. Бројките од документите даваат поголем увид од кварталните извештаи за заработката на Meta, па сега има многу појасна слика за тоа колку значи за Meta одделот на Адам Мосери.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе