Фудбал

Имотот на Артуро Видал запленет поради долгови

9. јануари 2019 - 11:24 | А.С.

Имотот на чилеанскиот фудбалер Артуро Видал во Италија е запленет поради долгови.

Се работи за четири објекти во Торино кои властите ги запленија поради долг од 17.045 евра, што беше зголемен на 18.849 евра поради судски трошоци.

Видал оставил долгови за имотите што ги купил додека живееше во Италија и иако му било испратено и последно предупредување кон крајот на минатата година, тој очигледно го игнорирал.

Чилеанскиот фудбалер сега е играч на Барселона, откако помина четири години во италијански Јувентус каде освои четири Скудета и играше во финалето на Лигата на шампиони.

Потоа премина во Баерн во 2015 година, а оттаму во Барселона.