Илон Маск тврди дека ќе ги вгради првите чипови во човечки мозок за шест месеци

Претприемачот Илон Маск вчера изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink кај луѓето да започнат во рок од шест месеци, откако компанијата ги пропушти претходните рокови што тој ги постави.

Компанијата развива интерфејси за мозочни чипови за кои вели дека би можеле да им овозможат на пациентите со хендикеп повторно да се движат и да комуницираат, а Маск вчера додаде дека ќе има за цел да го врати видот кај луѓе со оштетен или изгубен вид.

Neuralink, со седиште во заливот Сан Франциско и Остин, Тексас, спроведува тестови на животни во последниве години додека бара истовремено одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да започне клинички испитувања на луѓе.

„Сакаме да бидеме исклучително внимателни и да се погрижиме да работи добро пред да го ставиме уредот во човек“, рече Маск во долгоочекуваната изјава за уредот.

Говорејќи пред толпата одбрани гости на речиси тричасовната презентација во седиштето на Neuralink, Маск ја нагласи брзината со која компанијата го развива својот уред.

„На почетокот, напредокот, особено што се однесува до луѓето, може да изгледа ужасно бавен, но ние правиме се за целосно да го развиеме паралелно“, додаде тој. „Значи, теоретски напредокот треба да биде експоненцијален.“

ФДА не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар.

Remote video URL

„Мислам дека можеме да им го вратиме видот на луѓето“

Првите две човечки апликации на уредот Neuralink кон кои се насочени ќе бидат враќање на видот и овозможување на движење на мускулите кај луѓе кои не можат да го направат тоа, рече Маск.

„Дури и ако некој никогаш немал вид, ако е роден слеп, веруваме дека сепак можеме да го вратиме видот“, рече тој.

Настанот првично беше планиран за 31 октомври, но Маск го одложи само неколку дена претходно без да наведе причина.

Маск, кој го води и производителот на електрични возила Tesla, ракетната компанија SpaceX и платформата за социјалните медиуми Twitter, е познат по цели како колонизација на Марс и спас на човештвото.

Неговите амбиции за Neuralink, кој го лансираше во 2016 година, се подеднакво големи. Тој сака да развие чип што ќе му овозможи на мозокот да контролира сложени електронски уреди и на крајот да им овозможи на парализираните луѓе да ја вратат моторната функција и да лекуваат болести како што се Паркинсоновата, деменција и Алцхајмерова болест.

Тој зборува и за зајакнување на мозокот со вештачка интелигенција.

Неколку пати беа пробивани роковите

Neuralink, сепак, доцни. Маск во презентација во 2019 година рече дека има за цел да добие регулаторно одобрение до крајот на 2020 година. Потоа, на конференцијата кон крајот на 2021 година, тој рече дека се надева дека ќе започне со испитувања на луѓе оваа година.

Neuralink постојано ги пропушташе внатрешните рокови за да добие одобрение од ФДА за да започне испитувања на луѓе, велат сегашните и поранешните вработени.

Маск му пристапи на конкурентот Synchron за потенцијална инвестиција претходно оваа година, откако изрази фрустрација со експертите на Neuralink поради нивниот бавен напредок, објави Reuters во август.

Во јули, Synchron помина голема пресвртница со првиот имплант на својот уред кај пациент во САД. Доби регулаторно одобрение од САД за испитувања на луѓе во 2021 година и заврши студии кај четири лица во Австралија.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Вести

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more
 

Гик

  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе