Илон Маск: На чекор сме до чип во човечкиот мозок

Во текот на интервју, милијардерот Илон Маск изјави дека неговата компанија Neuralink за помалку од една година ќе вгради чипови во човечки мозок.

„Neuralink функционира добро кај мајмуни и ние всушност само правиме многу тестирања и потврдуваме дека уредот е многу безбеден и сигурен, дека може безбедно да се отстрани“, објасни најбогатиот човек во светот.

Тој изрази надеж дека уредот наскоро ќе се најде и кај луѓе, односно кај луѓе со тешки повреди на 'рбетниот мозок.

„Мислам дека имаме шанси да овозможиме некому кој не може да се движи повторно да оди или да ги користи рацете, но не природно“, објасни тој.

Neuralink на 9 април 2021 година покажа мозочен чип кај мајмун, што на животното му овозможи да игра одредена видеоигра, користејќи го само својот мозок. Уредот во мозокот сними информации за активирање на неврон додека животното ја играло играта, учејќи да ги предвиди движењата кои ќе ги направи.

„Во суштина, мајмунот изгледа нормално, но телепатски ја играше видеоиграта што мислам дека е навистина нешто длабоко“, изјави Маск.

Remote video URL

Тој тврди дека оваа технологија се покажа како безбедна во мозокот и лесно може да се отстрани така што единствена што ја спречува Neuralink од тестирање на луѓе е одобрение од ФДА.

„Нашите стандарди за имплементација на уредот се повисоки од оние кои ги одобрува ФДА, исто како што нашите стандарди за безбедност се многу повисоки од тоа што го бара американската влада“, вели Маск.

Тој објави и твит во кој повтори дека 2022 година е рокот, наведувајќи дека напредокот ќе се забрза кога уредите ќе бидат вградени во луѓе следната година.

Remote video URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе