Филм & ТВ

И Метју Меконахи се приклучи на Instagram

6. ноември 2019 - 20:43 | А.С.

Холивудскиот актер Метју Меконахи влезе во низата славни личности кои подоцна се приклучуваат на социјалните мрежи.

Меконахи, кој неодамна го прослави 50-тиот роденден, реши да отвори официјален профил на Instagram, на огромно задоволство на неговите обожаватели.

Првата објава на популарната социјална мрежа актерот ја искористи да испрати важна порака:

„Кога луѓето ќе дојдат на мојот профил, сакам да ме видат мене. Ова е првиот чекор во мојата намера со нив да се споделам себе си, моите ставови и малку имам трема, искрено, знам дека сакам да водам монолог, но не сум сигурен дали сакам дијалог. Но, научив дека мора да водите и дијалози, затоа се радувам што ќе споделам со вас кој сум јас“, вели Меконахи во видеото.

Неговата прва објава досега ја виделе повеќе од 2 милиони луѓе, а го заследиле над 1,2 милиони.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

officially mcconaughey

A post shared by Matthew McConaughey (@officiallymcconaughey) on