И авганистанките сакаат да вежбаат

Со бурки и со облека прекриен секој дел од телото, авганистанските девојки одат во парковите за групно да вежбаат бидејќи немаат посебни теретани и фитнес клубови.

За заостанатото општество во Авганистан во кое владеат мажите, а на жените скоро сѐ им е забрането, оваа нова појава е неприфатлива. Но, авганистанските девојки се упорни да направта промени на подобро.